• петок, 22 ноември 2024

Разбиена криминална група која се обидела да пренесе три тони кокаин од Јужна Америка во Европа

Разбиена криминална група која се обидела да пренесе три тони кокаин од Јужна Америка во Европа

Мадрид, 7 февруари 2024 (МИА) - Полицијата во Еквадор и Шпанија уапси 30 лица осомничени дека припаѓаат на криминална организација која се обидела по морски пат да пренесе 3,2 тони кокаин од Јужна Америка во Европа.

-Истовремено претресени се 21 просторија во Шпанија и 56 во Еквадор, соопшти вчера шпанската полиција.

Групата превезувала кокаин од Колумбија, каде што бил произведен, до пристаниште во соседен Еквадор. Оттаму со брод се транспортирал до шпанските пристаништа во Малага, Валенсија и Барселона. Дрогата била скриена во контејнери со банани.

-Таа организација е одговорна за обидот за увоз на најмалку 3,2 тони кокаин во Европа, соопшти полицијата.

Шеф на организацијата бил албанскиот државјанин Дритан Ѓика, поврзан со еквадорскиот бизнисмен Рубен Шерес, кој беше убиен во март, објавија шпанските медиуми, повикувајќи се на неименуван извор од еквадорската полиција.

Организацијата главно оперираше од шпанскиот град Малага и еквадорскиот град Гвајакил. Извезуваше банани од Еквадор во Албанија, Белгија, Холандија и Турција. Еквадорската полиција смета дека соработувала со криминална група во Албанија која организирала понатамошна дистрибуција на дрога во Европа.

Меѓу уапсените има државјани на Колумбија, Аргентина, Кина, Шпанија, Еквадор и Албанија. Полицијата им запленила 400 илјади евра готовина, луксузни автомобили и часовници и блокирала недвижен имот во Шпанија вреден 13 милиони евра, се вели во соопштението. мс/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан