• среда, 06 ноември 2024

Радев: Указ за привремена влада најрано во вторник

Радев: Указ за привремена влада најрано во вторник

Софија, 9 мај 2021 (МИА) - Бугарскиот претседател Румен Радев рече дека ќе стори се што е можно за да се назначи официјалната влада на земјата на најбрз начин.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, најраниот датум за ова е 11 мај, вторник.

Според Радев, составот на владата ќе биде избалансиран, така што „привремената влада ќе има многу краток мандат, очекувањата се големи, одговорностите се високи и станува збор за рамнотежа, да се најде најдобрата екипа, која ќе комбинира на оптимален начин да ја исполни оваа тешка задача“.

Се очекува во вторник Радев да издаде указ за распуштање на 45-то Национално собрание и да ги закаже предвремените парламентарни избори на 11 јули. Со тоа официјално ќе започне и работата на новата Централна изборна комисија. Радев и потпретседателката Илијана Јотова денеска положија цвеќе на Споменикот на непознатиот војник по повод 76-годишнината од крајот на Втората светска војна. Според него, „Денот на Европа и Денот на победата не треба да се спротивставуваат“. - Непотребно е да ги споредуваме и да спориме што е позначајно. Но, во никој случај не смееме да ги заборавиме злосторствата на нацизмот и секогаш треба да се сеќаваме на жртвите на оние кои достојно се исправија во одбрана на човештвото, рече Радев. Радев и Јотова присуствуваа на церемонијата на подигнување на знамето на Европската унија пред претседателската институција во Софија. нк/

Остани поврзан