• понеделник, 23 декември 2024

Работниците од „Тетекс Јарн Лимитед“ на средба со раководството за платите

Работниците од „Тетекс Јарн Лимитед“ на средба со раководството за платите
Тетово, 21април 2020 (МИА) - Работниците на фабриката за производство на предиво и волница „Тетекс Јарн Лимитед Втор“ остварија средба со раководството на фирмата откако денеска по вторпат одржаа протест барајќи исплата на платите за февруари и март. Директорот Петар Камбуров им рече дека засега нема исплата на платите поради блокирани сметки на фирмата. -Проблемот со платите е во тоа што бившиот директор и адвокатот на фирмата на 31 март потпишале документи со кои што непрописно се блокирани сметките на фирмата. Секое евро кое ќе влезе на сметката на Тетекс Јарн Лимитед треба да отиде на сметката на адвокатот. Кажувам дека е непрописно бидејќи знаеле дека од 1 април никој нема право да прави блокади на сметките на фирмите. Доколку тоа прашање не се реши нема како да ги исплатам платите на вработените, истакна Камбуров. Никодин Јовановски, претставник на вработените изјави дека не се задоволни од негативниот одговор. -Воопшто не сме задоволни немаше конкретни решенија да не убеди дека ќе ни ни ги даде останатите плати што ни ги должи. Ни рече дека наредната недела ќе бидеме во контакт, бидејќи сметката е блокирана, па да видат со адвокатот начин да се одблокира сметката за да ја продаде волницата и на тој начин да не исплати некоја плата, реле Јовановски. Работниците побараа државните институции да поведат грижа за работниците. -Не е прифатливо, да ни даде роба, па ние да ја продаваме. Нема на кој начин да ја продаваме таа количина на волница. Апел до државата бидејќи работодавачите манипулират со вработени, да ни помогнат институциите. Преголеми права имаат работодавците да играат со вработените, рече Јовановски. Над 160 работници немаат добиено плата за февруари и март. Од 1 април не се на работа, а на 16 април јавно протестираа пред фабриката барајќи исплата на платите.ас/ир

Остани поврзан