• недела, 01 февруари 2026

Работна средба на директорот на ЦУК, Али, со првиот вицепремиер Сали

Работна средба на директорот на ЦУК, Али, со првиот вицепремиер Сали

Скопје, 27 јануари 2026 (МИА) - Приоритетите и стратешките проекти на Центарот за управување со кризи (ЦУК), со посебен акцент на имплементацијата на системи за рано предупредување од пожари, зајакнувањето на институционалните капацитети, унапредувањето на меѓуинституционалната координација и зголемувањето на подготвеноста за навремена и ефикасна реакција во кризни и итни ситуации беа тема на разговор на работната средба на директорот на ЦУК, Мухамед Али, со првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали.

Како што информираат од ЦУК, директорот Али доби целосна поддршка за реализација на идните иницијативи, при што беше нагласена важноста од континуирана соработка и координација меѓу институциите, со цел унапредување на безбедноста и заштитата на граѓаните. 

- Средбата го потврди заедничкиот ангажман за модернизација на системот за управување со кризи и усогласување со европските стандарди и практики - соопштија од ЦУК. вј/дма/

Фото: ЦУК

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан