• петок, 22 ноември 2024

Mинистерот Муртезани во посета на Црна Гора, ќе учествува на БИФ форумот

Mинистерот Муртезани во посета на Црна Гора, ќе учествува на БИФ форумот

Скопје, 12 септември 2024 (МИА) - На покана на „Европското движење во Црна Гора“ и Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија, министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, утре ќе учествува на „Балканскиот интегративен форум 2024“ (BIF2024), кој од 12-ти до 14-ти септември 2024 година, ќе се одржи во Подгорица, Црна Гора.
 
Од Министерството за европски прашања денеска соопштија дека Муртезани ќе се обрати на сесијата насловена „Политички и технички преглед на процесот на интеграции во ЕУ на секоја од земјите на Западен Балкан“, осврнувајќи се евроинтегративниот пат на Северна Македонија, предизвиците и можностите за пробив на тој пат.
 
Во рамки на работната посета, министерот Муртезани, како што е најавено, ќе оствари и одвоени средби со министерот за надворешни и министерката за европски прашања. цр/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан