Работилница за зајакнување на соработката помеѓу Државниот завод за ревизија и Јавното обвинителство
- Партнерството помеѓу ревизорските и обвинителските органи претставува клучен механизам за заштита на јавниот интерес, борба против корупцијата и обезбедување отчетност и интегритет во користењето на јавните средства, истакнаа републичкиот Јавен обвинит Љупчо Коцевски и Главниот државен ревизор Максим Ацевски, на отворањето на работилницата за дополнително зајакнување на соработката меѓу двете институции, организирана со поддршка на Фондацијата за демократија на Вестминстер во државата и Британската Амбасада во Скопје.
Скопје, 30 септември 2025 (МИА) - Партнерството помеѓу ревизорските и обвинителските органи претставува клучен механизам за заштита на јавниот интерес, борба против корупцијата и обезбедување отчетност и интегритет во користењето на јавните средства, истакнаа републичкиот Јавен обвинит Љупчо Коцевски и Главниот државен ревизор Максим Ацевски, на отворањето на работилницата за дополнително зајакнување на соработката меѓу двете институции, организирана со поддршка на Фондацијата за демократија на Вестминстер во државата и Британската Амбасада во Скопје.
-Јавните обвинителства активно постапуваат и ги користат ревизорските извештаи во постапките што ги водат за различни кривично-правни настани. Притоа, во последниот извештаен период поднесени се неколку обвиненија во предмети засовани врз наодите од ревизорските извештаи и во тек се или се очекува почеток на судски постапки. Така, во предметот „Онкологија“, кој е од особен интерес на јавноста, заврши истрагата и беше поднесен обвинителен акт. Веќе е започната судската постапка во која ревизорските наоди и согледувањата на ревизорите кои постапувале се важен доказ, истакна државниот јавен обвинител Коцевски, стои во соопштението од Јавното обвинителство.
На работилницата била презентирана улогата и резултатите од истражните центри во јавните обвинителства, кои како специјализирани единици придонесуваат за поефикасна координација и спроведување на истражните постапки. Нивната работа е од особено значење во собирањето и анализа на податоци, поддршката на обвинителите при водење на истраги и зајакнувањето на институционалната соработка, особено во случаи поврзани со финансиски криминал и коруптивни практики.
Исто така, била разгледана и имплементацијата на Меморандумот за соработка меѓу Државниот завод за ревизија и Јавното обвинителство, кој создава цврста основа за заедничко делување и поефикасно постапување по ревизорските извештаи, со цел поголема отчетност и заштита на јавниот интерес.
На состанокот беа организирани одвоени работни сесии помеѓу јавни обвинители и ревизорски тимови за постапувањето по конечните ревизорски извештаи, каде што се споделија искуства и практични предизвици со цел унапредување на идните процеси и зголемување на ефективноста на институционалните механизми, стои во соопштението. вг/вј/
Фото: ЈОРМ