• петок, 22 ноември 2024

Пoранешниот опозициски лидер, Aмаду Ури Бах, назначен за премиер на Гвинеја

Пoранешниот опозициски лидер, Aмаду Ури Бах, назначен за премиер на Гвинеја

Конакри, 28 февруари 2024 (МИА) - Преодните власти во Гвинеја, со декрет прочитан на националната телевизија, го назначија поранешниот опозициски лидер Aмаду Ури Бах за премиер на земјата, јавија британските медиуми.

Политичкиот ветеран, економист по образование, се соочува со тешка задача да формира влада во услови на генерален штрајк без краен рок, што почна оваа недела, поради тешките економски проблеми и репресивната политика на воената хунта, која ја раководи земјата, забележуваат британските медиуми.

Националната телевизија емитуваше снимка на која се гледа како Бах полага заклетва пред привремениот претседател Мамади Думбуја, командант на специјалните сили, кој во 2021 година со државен удар го собори тогашниот претседател Алфа Конде.

Бах, познат како Бах Ури, е истакната личност на политичката сцена во Гвинеја од раните 1990-ти. Тој беше министер за помирување во консензуалната влада формирана по политичката криза предизвикана од убиството на најмалку 130 луѓе за време на синдикалните протести во 2007 година.

Бах е основач и потпретседател на партијата Унија на демократски сили на Гвинеја (СДФ). Тој помина четири години во егзил во Франција, откако во 2011 година беше осуден во отсуство за обид за атентат врз Конде. Во 2016 година, Бах се врати во Гвинеја откако беше помилуван од претседателот, но подоцна беше исклучен од СДГ. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан