• вторник, 19 ноември 2024

Пјонгјанг го осуди пристигнувањето на американската подморница во близина на Корејскиот полуостров

Пјонгјанг го осуди пристигнувањето на американската подморница во близина на Корејскиот полуостров

Пјонгјанг, 10 јули 2023 (МИА) - Северна Кореја го осуди потегот на Соединетите Американски Држави да внесат подморница со балистички проектили со нуклеарен погон во водите во близина на Корејскиот полуостров, велејќи дека тоа создава ситуација што го приближува нуклеарниот конфликт до реалноста.

Северна Кореја, исто така, тврди дека американските извидувачки авиони неодамна го нарушиле нејзиниот воздушен простор во близина на источниот брег, повикувајќи се на неименуван портпарол на нејзиното Министерство за национална одбрана во изјава што ја пренесе државната новинска агенција КЦНА.

„Нема гаранција дека нема да се случи шокантен инцидент во кој стратешко извидувачки авион на американското воено воздухопловство е соборен над Источното Кинеско Море“, рече портпаролот.

Потезите на САД за распоредување стратешки нуклеарни средства на Корејскиот полуостров се јасна нуклеарна уцена против Северна Кореја и регионалните земји и претставуваат сериозна закана за мирот, објави КЦНА.

Американска подморница со крстосувачки ракети со нуклеарен погон пристигна во пристаништето Бусан во Јужна Кореја минатиот месец.

Во април, лидерите на Јужна Кореја и на САД се согласија подморницата на американската морнарица со нуклеарни балистички ракети да ја посети Јужна Кореја за првпат од 1980-тите, но не беше објавен распоред за посетата. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан