• петок, 22 ноември 2024

ПЦЕР го одбележа Светскиот ден на ромскиот јазик

ПЦЕР го одбележа Светскиот ден на ромскиот јазик

Тетово, 5 ноември 2022 (МИА) - По повод Светскиот ден на ромскиот јазик во клубот на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) во Тетово се одржа трибина. Претседателот на партијата Самка Ибраимовски по тој повод одржи прес-конференција на која оваа посочи дека активноста е организирана во насока на негувањето на сопствениот мајчин јазик како големо значење за опстојувањето на една етничка заедница.

- Историјата, култура и јазикот на еден народ се основните обележја за неговата припадност. Со прогласување на светскиот ден на ромскиот јазик УНЕСКО испрати јасна порака дека ромскиот јазик е дел од културното наследство и богатсво во светот. Ромскиот јазик мора да се сочува бидејќи е древен јазик со сите лингвистички карактеристики на еден модерен јазик  кој е во опасност од исчезнување. Има свое минато, како и секогашност. Ако сакаме да го имаме и во иднина треба да го негуваме, порача Ибраимовски.

Тој информираше дека како партија направиле македонско - ромски речник на 800 страници, чии примероци требало да се поделат по сите основни и средни училишта.

- Но од кога заврши мандатот на нашиот министер не знаеме каде се поделени овие речници. Пред некој десетина добив информација дека биле фрлени овие речници во некои ќоше во Општина Тетово. Не знаеме кој ги донел таму и кој начин тие се стигнати во Тетово. Јас реагирав до советникот во Владата но до ден денес не добив одговоро каде се и зошто се фрлени овие речници, бидејќи се потрошени големи средства некаде околу 20 илјади евра, истакна Ибраимовски. ас/свс/ 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан