• понеделник, 17 јуни 2024

Пуштен за сообраќај патот Штип-Делчево

Пуштен за сообраќај патот Штип-Делчево
Скопје, 20 јули 2022 (МИА) - Магистралниот пат Штип - Делчево помеѓу селата Балван и Крупиште е отворен за сообраќај, соопшти Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ). Како што посочија од АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Богородица за излез се чека околу 30 до 40 минути, а на ГП Табановце за влез се чека околу еден час. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. - АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, се вели во соопштението. мс/цр

Остани поврзан