• недела, 22 декември 2024

Пуштен во употреба реконструираниот мост на Крива Река, еден од петте градски мостови 

Пуштен во употреба реконструираниот мост на Крива Река, еден од петте градски мостови 

Крива Паланка, 7 октомври 2024 (МИА) - Рекинструиран и модернизиран, денес официјално беше пуштен во употреба еден од петте градски мостови на Крива Река што се обновуваат тековно во Крива Паланка.

На свеченото пуштањето во употреба присуствуваа градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, претседателката на Советот на општината Изабела Павловска, пратеникот во Собранието на РС Македонија Љупчо Николовски , претседателот на СДСМ и пратеник  Венко Филипче, искусната инженерка во пензија Јулијана Ѓоргиевска и Михаела Јанковска, претставничка на младите од училишната заедница во средното општинско училиште „Ѓорче Петров" во Крива Паланка.

-Крива Паланка е единствената општина во државата која во целост ги обновува сите градски мостови, инвестиција вредна 40 милиони денари. Посветено градиме за граѓаните, создавајќи дела што остануваaт како траен белег во градот, давајќи му модерен изглед на централното градско подрачје.  Токму денес во чест на големиот јубилеј, 80 години слободна Крива Паланка, свечено го пуштаме во употреба обновениот т.н. Виолетов мост, а напредува и обновата на преостанатите четири градски мостови, од кои три ќе бидат завршени до крајот на месецот, а Осички мост, до крајот на годината.Проектите се финансирани со средства на Владата добиени уште на 19 декември 2023 година, за реконструкција на петте мостови на Крива Река, за што упатувам благодарност до претседателот на СДСМ, Венко Филипче кој денес е наш гостин во Крива Паланка, до другарот Љупчо Николовски, кои во составот на претходната Влада покажаа што значи да се поддржат општините и верувам дека граѓаните умеат да ја направат таа разлика, рече градоначалникот на Крива Паланка.

Митовски заедно со Филипче и присутните извршија увид во реализацијата на овој голем и значаен проект за Крива Паланка, посетувајќи ги мостовите што тековно се реконструираат, Градечки и Шанин мост.

Градоначалникот Митовски рече дека  продолжувамl да работи на градењето нов урбан лик за централното градско подрачје, дела што ќе се паметат за модерна Крива Паланка. иб/дма/


Фото : Општина Крива Паланка 

Остани поврзан