• недела, 22 декември 2024

Пуштени во функција фотоволтаиците во кумановското средно училиште „Наце Буѓони“

Пуштени во функција фотоволтаиците во кумановското средно училиште „Наце Буѓони“

Куманово, 26 септември 2023 (МИА) -  Кумановското средно училиште „Наце Буѓони“ почна да ги користи фотоволтаиците поставени на централната зграда, соопштија денеска надлежните од училиштето.

-Приклучени се фотоволтаици и очекуваме сметка во наредниот период за да видиме каква ќе е заштедата. Во овие временски услови, очекуваме  во голем процент да се покрие сметката за електрична енергија. Поставени се фотоволтаици кои произведуваат електрична енергија од 100 киловати, изјави директорот на училиштето, Драган Јаневски.

Фотоволатици се поставени на главниот објект и на спортската сала.

Општина Куманово постави фотоволтаици на објектите на средните училишта во Куманово, во  кумановската гимназија „Гоце Делчев“, на средното училиште „Перо Наков“.

Од училиштето очекуваат пониски сметки, бидејќи зградата, изминативе години  целосно беше реконструирана со нови прозорци, врати, фасада, последна инвестиција е замена на подовите.

Зголемените цени на енергенсите изминатиов период го зголеми интересот за поставување фотоволтаици кај домаќинствата и кај приватниот сектор. Локалниот економско-социјален совет одржа неколку средби со бизнис заедницата за придобивките од поставувањето на фотоволтаици како и со граѓани и општински установи и институции. ам/љм/

Фото: Општина Куманово (архива) и МИА

Остани поврзан