Пуштање во употреба реконструирано фудбалско игралиште во Неготино
- Министерот за спорт Борко Ристовски и градоначалникот на општина Неготино Горан Стојанов денеска ќе го пуштат во употреба реконструираното фудбалско игралиште во Неготино.

Скопје, 8 јануари 2025 (МИА) - Министерот за спорт Борко Ристовски и градоначалникот на општина Неготино Горан Стојанов денеска ќе го пуштат во употреба реконструираното фудбалско игралиште во Неготино.
Фудбалското игралиште е изградено со вештачка трева по ФИФА стандарди и има трбински простор со 100 седишта. Фудбалското игралиште е во рамки на спортскиот комплекс во паркот во Неготино.
Министерството за спорт информира дека ова е еден од проектите за подобрување на спортската инфраструктура. мд/дма/
Фото: МИА архива