• четврток, 04 декември 2025

Пуштање во употреба на новата административна зграда на Општина Карпош

Пуштање во употреба на новата административна зграда на Општина Карпош

Скопје, 10 септември 2025 (МИА) - Општина Карпош вечер во 19 часот свечено ќе ја пушти во употреба новата административна зграда за која соопшти дека е модерна и енергетски ефикасна и оти е едно од најзначајните вложувања во нејзината историја. 

-Со современ интериер, кабинети и комплетно функционален приземен дел, новата зграда е изградена во согласност со потребите на локалната самоуправа и граѓаните. Со овој капитален проект, Општина Карпош ја потврдува својата определба за создавање современи, функционални и енергетски ефикасни јавни објекти, во кои граѓаните ќе можат да ги остваруваат своите права и услуги во услови достојни за еден европски град, информира Општината. 

Општина Карпош посочи дека по завршените приклучоци од страна на ЕВН КЕЦ Ѓорче Петров, новата општинска зграда е ставена под електрична мрежа и целосно осветлена. Во тек е и финалното поврзување на телекомуникациските и интернет-врски, со што објектот ќе стане целосно функционален за користење.

Новата општинска зграда се наоѓа на ул. „Никола Русински“ во населбата Карпош 3, веднаш до поштата.

-На свеченото отворање се поканети сите граѓани, медиумите и соработниците на Општината, се наведува во соопштението на Општина Карпош. хс/лв/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан