Путин: Се уште не сум одлучил дали да се кандидирам за нов мандат
- Рускиот претседател Владимир Путин рече дека се уште не одлучил дали да се кандидира за нов мандат на чело на Руската Федерација на изборите во 2024 година.

Москва, 14 октомври 2021 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин рече дека се уште не одлучил дали да се кандидира за нов мандат на чело на Руската Федерација на изборите во 2024 година.
- Да, Уставот на Русија ми дозволува да се кандидирам за следниот мандат, но се уште не сум одлучил ништо за мојата кандидатура, рече Путин одговарајќи на новинарско прашање на Си -Ен -Би -Си, на крајот од пленарната сесија на форумот на Руската недела на енергетиката. паг/