Псаки: Белата куќа не заговара промена на режимот во Русија
- Белата куќа не се залага за промена на режимот во Русија, изјави денеска портпаролката на американскиот претседател Џозеф Бајден, Џен Псаки.

Вашингтон, 4 март 2022 (МИА) - Белата куќа не се залага за промена на режимот во Русија, изјави денеска портпаролката на американскиот претседател Џозеф Бајден, Џен Псаки.
- Ние не заговараме атентат на странски лидер или промена на режимот. Тоа не е политика на САД, изјави Псаки пред новинарите.
Претходно, американскиот републикански сенатор Линдзи Греам повика некој во Русија да го убие претседателот Владимир Путин.
- Единствениот начин да се стави крај на ова е некој да го отстрани тој човек (Путин). Ќе направи голема услуга на себеси и на целиот свет, напиша Греам на Твитер. гт/