• недела, 20 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Прскање против комарци в четврток во Вевчани

Прскање против комарци в четврток во Вевчани

Вевчани, 11 јуни 2025 (МИА) - Прескање против комарци ќе се изврши в четврток на територијата на Општина Вевчани.

Општинската прес-служба соопшти дека третманот против возрасна форма комарци ќе се изврши терестички со употреба на УЛВ машина прикачено на пик ап возило. Ќе се користи препаратот „Кулфак“ 50 ЕЦ.

Според информацијата, ќе се прска околу Вевчанските извори, по течението на Вевчанска река, околу пречистителната станица и вештачкото езеро Јанков камен, како и низ локалните улици.

Третирањето, како што е наведено во информацијата, ќе биде по 20 часот до раните утрински часови. Доколку, временските услови не дозволат да се спроведе третманот на дезинсекција, тогаш ќе биде одложена за наредниот ден или за некој друг ден со поволни временски услови. сс/мд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан