• среда, 22 јануари 2025

Процедурата е во тек, го чекаме исходот во секој момент, вели Филков за екстрадицијата на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ

Процедурата е во тек, го чекаме исходот во секој момент, вели Филков за екстрадицијата на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ

Скопје, 27 ноември 2024 (МИА) – Чекаме. Како што разговаравме со колешката минатата недела таму процедурата е во тек, така што го чекаме исходот во секој момент, изјави министерот за правда Игор Филков, на денешната прес-конференција во МП, одговарајќи на новинарско прашање до каде е екстрадицијата од Косово на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои се осудени на доживотен затвор за кривичното дело „тероризам“ во случајот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковското езеро.

Oda e ekspertëve më 25 tetor u regjistrua në Regjistrin qendror, me çka mund të themi se pas tetë viteve, kjo funksionoi. Me këtë sigurjmë transparencë, pavarësi dhe profesionalizëm më të mad

На почетокот на октомври, Филков во Приштина оствари работна средба со косовската министерка за правда Албулена Хаџиу, на која, како што информираа тогаш, меѓу другото било разговарано за случајот „Монструм“. 

- На средбата беше дискутирано и за две отворени прашања од интерес на двете земји. Разговарано беше за случајот „Монструм“, за којшто од косовска страна беше презентирано дека барањата за екстрадиција се процесуирани од страната на Јавното обвинителство и дека веднаш откако ќе биде донесено решение или ќе имаат конкретни информации за истото ќе го информираат Министерството за правда на Република Северна Македонија, соопшти Министерството за правда.

Барањата за екстрадиција од Косово, биле тема на разговор и на средбата во август во Скопје, на македонскиот и косовскиот премиер Христијан Мицкоски и Албин Курти.

Претходно, Филков во јули годинава информира дека потпишал барање за екстрадиции за Демири и Африм, кои се доставени до косовското Министерство и се чека на одговор.

Во судскиот процес за случајот познат како „Монструм“, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ. Обвинетиот Фејзи Азири доби 15 години затвор, а Хаки Азири 9 години. Ослободителна пресуда поради недостиг на докази доби единствено обвинетиот Сами Љута.

Исмаиловиќ и Демири се обвинети дека се двајца од тројцата непосредни извршители на убиствата кај Смилковско езеро. Тие се во Косово, по нив беа распишани потерници, но и покрај ветувањата од Приштина, досега не се екстрадирани во нашата држава. аа/ев/

Фото: МИА архива

Остани поврзан