• понеделник, 23 декември 2024

Протоколарна средба на Минчев со амбасадорот на Франција во земјава Ле Риголер

Протоколарна средба на Минчев со амбасадорот на Франција во земјава Ле Риголер

Скопје, 09 септември 2024

Министерот за јавна администрација на Република Македонија, Горан Минчев, денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Франција во Република Македонија, Н.Е. Кристоф Ле Риголер. 

На средбата, стана збор за зајакнување на билатералната соработка, каде што беше истакната можноста, двете страни да разговараат за проекти од заеднички интерес, особено во областа на реформата на јавната администрација.

Министерот Минчев ја изрази својата благодарност за долгогодишната поддршка на Франција во развојот на политиките на јавната администрација. Тој ги истакна тековните реформи насочени кон подобрување на ефикасноста, транспарентноста и отчетноста во јавната служба на Република Македонија, истакнувајќи дека овие реформи се клучни за процесот на европска интеграција на државата.

Фокусот на средбата беше формирањето и функционирањето на Академијата за административни службеници, водечка иницијатива на Министерството за јавна администрација. 

Министерот за јавна администрација ја истакна важноста на оваа академија за обезбедување постојана обука и професионален развој за вработените во јавната администрација, обезбедување на компетентна и приспособлива работна сила, способна да одговори на предизвиците на современото владеење.

Во таа насока, министерот ја посочи вредната експертиза и поддршка што ја дава Француската амбасада во конципирањето и операционализацијата на Академијата.

Амбасадорот Ле Риголер ја изрази подготвеноста на амбасадата на Франција да ги унапреди и поддржи заложбите на министерството за реформи во јавната администрација на Република Македонија, преку продлабочување  на соработката, размена на добри практики, експертиза и поддршка за градење капацитети, водејќи се по нивното искуство во модернизација на јавна администрација.

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан