• понеделник, 23 декември 2024

Противниците на Нетанјаху продолжуваат со преговорите, рокот за формирање влада истекува на полноќ

Противниците на Нетанјаху продолжуваат со преговорите, рокот за формирање влада истекува на полноќ
Ерусалим, 2 јуни 2021 (МИА) - Противниците на израелскиот премиер денеска продолжуваат со преговорите за постигнување конечен договор за коалициска влада со која би се ставило крај на 12-годишното непрекинато владеење на Бенјамин Нетанјаху, најдолго во историјата на земјата, пред крајниот рок што истекува на полноќ.
Мандатарот за состав на владата, лидер на Центарот за иднина, Жеир Лапид и ултранационалистот Нафтали Бенет, лидер на партијата Десно, се согласија да се менуваат на премиерската функција, под услов Бенет да е првиот, но се уште настојуваат да формираат владејачка коалиција која ќе вклучува и левичарски и десничарски партии и партии од центарот.
Израелските медиуми јавуваат дека има несогласувања околу пониските политички позиции, но Лапид се очекува да го објави договорот веќе во 11 часот по локално време (10 часот по средноевропско време).
Тој има рок до полноќ да го извести израелскиот претседател Рувен Ривлин дека формирал мнозинска коалиција со најмалку 61 од вкупно 120 членови на парламентот, Кнесетот.
Потоа, Кнесетот има една недела да гласа за доверба на новата влада.
Доколку Лапид го пропушти крајниот рок, Израел ќе ги одржи своите петти избори за нешто повеќе од две години, а Нетанјаху ќе има уште една шанса да остане на функцијата додека му се суди за корупција.
Конзервативната Ликуд на Нетанјаху освои најмногу пратенички места на изборите на 23 март, но тој не успеа да формира мнозинство со своите сојузници. паг/
       

Остани поврзан