• петок, 22 ноември 2024

Протест пред Владата против ковид-мерките

Протест пред Владата против ковид-мерките
Скопје, 19 август 2021 (МИА) -Протест пред Владата се одржа вечерва против одлуката за воведување на нови мерки за невакцинираните лица. Граѓаните скандираа „Слобода“, и побараа повлекување на рестриктивните мерки. Еден од присутните истакна дека на минатиот протест биле побројни, и апелираше да не одговараат на провокациите бидејќи тие наместо да ги обединат, само ќе ги разделат. На протест се случи и инцидент, кога првиот говорник, како што самиот се претстави, поранешен вработен во военото разузнавање, говореше предолго, па дел од присутните побараа да го отстапи микрофонот. Притоа дојде до туркање меѓу него и една жена, по што реагираа редарите. вг/

Остани поврзан