Протест во Битола против изградбата на регионална депонија
- од мотото „СТОП за депонијата на смртта“, вечерва на плоштадот „Магнолија“ во Битола протест одржаа членови и симпатизери на партијата Демократи и граѓани кои не ја поддржуваат идејата во Општина Новаци да се гради регионална депонија за отпад.
Битола, 20 мај 2025 (МИА) - Под мотото „СТОП за депонијата на смртта“, вечерва на плоштадот „Магнолија“ во Битола протест одржаа членови и симпатизери на партијата Демократи и граѓани кои не ја поддржуваат идејата во Општина Новаци да се гради регионална депонија за отпад.
Во изјава за медиумите, претседателот на партијата Демократи, Јорго Огненовски истакна дека не е добро во житницата Пелагонија да се носи отпад од 18 општини.
-Битола како град неможе да си дозволи покрај РЕК Битола сега да се загадува и со регионална депонија за 18 општини. Според нашите статистички податоци најголем дел оа населението во градот заболува од канцер/рак и затоа не смее да се гради депонија на смртта. Ние сакаме депонија, но изградена со најсовремени методи, односно да нема депонија за отпад, туку фабрика за преработка на отпад од која ќе се произведува електрична енергија, асфалт и слично, изјави Огненовски.
На протестниот собир во Битола, Огненовски посочи дека општините и владата треба да ги следат примерите на изградени фабрики за преработка на отпад во Сингапур или Копнехаген кои според нив се наоѓаат во градовите и не загадуваат.мт/лв/
Фото: МИА