Протести ширум Европа поради рестриктивните мерки
- Во поголем број европски градови денеска се одржаа протести поради рестриктивните мерки воведени поради епидемијата со Ковид-19
Скопје, 16 мај 2020 (МИА) - Во поголем број европски градови денеска се одржаа протести поради рестриктивните мерки воведени поради епидемијата со Ковид-19.
Во Германија граѓаните воглавно протестираа поради рестриктивните мерки, но имаше и демонстрации на така наречените теоретичари на завера, противниците на вакцините, екстремните левичари и ултрадесничари.
Протести имаше во Берлин, Минхен, Штутгарт и во Хамбург, каде полицијата употреби солзавец за да ги раздели 800-те левичари и десничари, а приведени се неколку лица.
Во Варшава се одржа протест на работодавачите поради рестриктивните мерки. Словачката полиција приведе десетина лица, меѓу кои и еден опозициски сенатор, а употреби и солзавец. Протестот не беше дозволен.
Во Хајд парк во Лондон се одржа протест против карантинот, но и вакцините.
Скотланд јард соопшти дека се уапсени 13 лица, меѓу кои и Пирс Корбин, брат на поранешниот претседател на Лабуристичката партија.
Демонстрантите тврдат дека им е загрозена слободата на говор и на движење, но извикуваа и пароли против 5Г мрежата и обврзната вакцинација. ми/