• недела, 22 декември 2024

Просинечки: Македонија не изгледаше добро против Молдавија, сигурно ќе бидат помотивирани против нас

Просинечки: Македонија не изгледаше добро против Молдавија, сигурно ќе бидат помотивирани против нас

Анталија, 24 март 2024 (МИА) - Новиот селектор на Црна Гора, Роберт Просинечки, имаше успешно деби откако во првиот контролен натпревар оствари победа против Белорусија со 2:0.

Новиот предизвик е закажан за утре, 25 март со почеток во 18 часот, а ривал ќе биде селекцијата на Македонија. Натпреварот се игра во Анталија.

На прес-конференцијата пред мечот тој изјави дека во тимот ќе остане само Јоветиќ, а остатокот од тимот ќе биде сменет затоа што сака сите играчи да имаат можност да се покажат, да се докажат и да се наметнат. 

-Тоа сега ни е поважно од резултатот, иако сигурно ќе се обидеме да продолжиме таму каде што застанавме против Белорусија, изјави Просинечки на прес-конференцијата во Анталија. 

Во Анталија играше и Македонија, која ремизираше со Молдавија - 1:1.

- Го гледавме натпреварот, не изгледаа добро. Сигурно ќе бидат помотивирани против нас, ќе сакаат да победат и да го подобрат впечатокот. Имаат одличен индивидуален квалитет, нивните играчи прават разлика во добрите клубови. Нема да биде воопшто лесен натпревар. Но, ние сме оптимисти, момците работат добро, а не се ни уморни бидејќи ќе го освеживме тимот. Сигурно ќе биде интересно, истакна Просинечки.

Со оглед на тоа што Просинечки најави дека само Јоветиќ ќе го започне натпреварот против Македонија во однос на тимот што играше против Белорусија, се очекува на теренот да бидат Шаркиќ, Вукчевиќ, Савиќ, Вујачиќ, Радуновиќ, Лончар, Бакиќ, Јововиќ, Чамај, Јоветиќ, Мугоша.дс

Фото: Фудбалска федерација на Црна Гора

 

Остани поврзан