• понеделник, 23 декември 2024

Просечна плата во септември 32 553 денари

Просечна плата во септември 32 553 денари
Скопје, 23 ноември 2022 (МИА) - Просечната исплатена нето-плата по вработен, во септември годинава изнесувала 32 553 денари и е за 12,8 отсто повисока од истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (19.1 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (18.8 %) и Преработувачка индустрија (17.9 %). Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Образование (10.0 %), Административни и помошни услужни дејности (4.0 %) и Преработувачка индустрија (3.7 %).са/дма/

Остани поврзан