Просечната нето-плата 29.943 денари
- Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен лани во декември изнесувала 29.943 денари што е зголемување за 5,8 отсто во однос на декември 2020 година.

Скопје, 22 февруари 2022 (МИА) – Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен лани во декември изнесувала 29.943 денари што е зголемување за 5,8 отсто во однос на декември 2020 година.
Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемувањето, пред сѐ, се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање за 13,1 отсто, Градежништво за 12,6 и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 12,1 отсто.
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности во врска со недвижен имот за 10,4 отсто, Финансиски дејности и дејности на осигурување за 9,1 и Градежништво за 7,6 отсто.
Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак, по вработен, во декември 2021 година, изнесува 44.711 денари и е зголемена за 5,9 отсто во споредба со истиот месец од 2020 година.
Тоа се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање за 12,9 отсто, Градежништво за 12,5 и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 11,8 отсто. Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности во врска со недвижен имот за 9,9 отсто, Финансиски дејности и дејности на осигурување за 9,4 и Рударство и вадење на камен за 7,4 отсто.вј/лв/
