Пронајден е кумановецот кој беше пријавен за исчезнат
- В.М. (66) од Куманово бил пронајден од неговиот син во добра здравствена состојба, соопшти СВР Куманово.
Куманово, 19 ноември 2025 (МИА) - Пронајден е кумановецот кој беше пријавен за исчезнат утрово во СВР Куманово. Информацијата ја потврдија членовите на неговото семејство и полицијата. Шеесет и шестгодишниот кумановец беше пријавен за исчезнат утрово во кумановската полиција.
- В.М. (66) од Куманово бил пронајден од неговиот син во добра здравствена состојба, соопшти СВР Куманово.
А.М. (34) од Куманово, претходно пријави во полицијата дека од домот се оддалечил неговиот татко В.М. (66), кој последен пат бил виден на Клиника за онкологија во Скопје.
Од семејството се заблагодарија на граѓаните за поддршката. ам/дма/
Фото: МИА