• четврток, 25 јули 2024

Пронајдено одземено моторно возило, приведен прилепчанец

Пронајдено одземено моторно возило, приведен прилепчанец
Скопје, 19 октомври 2022 (МИА) - Во Ресен денеска околу 01.00 часот полициски службеници од Полициската станица Ресен го лишиле од слобода Е.Ќ.(27) од Прилеп. Тој се сомничи дека на 18.10.2022  околу 17.35 часот на ул.„Гога Јанкулоски“ во Прилеп одзел патничко возило „ровер“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Б.Б.(33) од Прилеп. Од МВР информираат дека возилото било пронајдено и вратено на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. цр/са/    

Остани поврзан