• четврток, 12 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Пронајдено е исчезнатото момче од неготинско Тремник

Пронајдено е исчезнатото момче од неготинско Тремник

Неготино, 16 април 2025 (МИА) - Исчезнатото лице Диме Стојамиров е пронајден здрав и жив, благодарение на ОВР Неготино и соселаните кои неуморно со часови до овој момент трагаа по исчезнатото лице, известија попладнево од Фејсбук профилот посветен на неготинското село Тремник. 

МИА претходно информираше дека се трагаше по момчето од неготинското село. 

Дека се трага по момчето, на возраст од 22 години, потврдија и од СВР Велес. Неговото исчезнување било пријавено синоќа во 22.15 часот во ОВР Неготино, од страна на неговиот чичко. свд/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан