• петок, 22 ноември 2024

Пронајдени се црните кутии на авионот кој се урна во Белгородската област

Пронајдени се црните кутии на авионот кој се урна во Белгородската област

Москва, 25 јануари 2024 (МИА) - На местото на падот на рускиот транспортен авион „Ил-76“ во Белгород, кој на размена превезувал 65 украински затвореници се пронајдени црни кутии, а тие се во добра состојба, изјави претставник на локалната брза помош, јавуваат руските медиуми.

Откриени се и двете црни кутии – уред за снимање параметри на летот и диктафон, рекол претставникот, истакнувајќи дека црните кутии се наоѓаат во задниот дел на авионот и веќе се предадени на истражителите.

Поради падот на рускиот воен транспортен авион „Ил-76“ со 65 украински затвореници, шест руски членови на екипажот и тројца придружници, за денеска во 17 часот по њујоршко време е закажан состанок на Советот за безбедност на ОН, бидејќи претходно, според зборовите на првиот заменик постојан претставник на Русија во Обединетите нации од страна на Дмитриј Полјански, Франција, која претседава со Советот за безбедност на ОН, вчера го одбила барањето на Москва за свикување на седницата.

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков не ја коментираше можноста за продолжување на размената на затвореници меѓу Русија и Украина. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан