• понеделник, 23 декември 2024

Пронајдени делови од метеоритот кој експлодира на словенечко-хрватската граница

Пронајдени делови од метеоритот кој експлодира на словенечко-хрватската граница
Љубљана, 9 март 2020 (МИА) - Дел од метеоритот кој на 28 февруари експлодира над словенечко-хрватската граница е најден во двор од куќа во селото Пречна во близина на Ново Место, јави дописникот на МИА од Љубљана. Сопствениците на куќата сосема случајно го пронашле парчето и веднаш повикале стручни служби, кои потврдиле дека станува збор за вистински метеорит. Делот од метеоритот тежи 203 грама и веднаш е сместен во Природно-научниот музеј. Се претпоставува дека во околината на Ново Место има уште делови од метеоритот, па човекот кој го пронајде првиот ги повика своите сограѓани да ги пребараат дворовите, бидејќи големи се шансите и тие на најдат и други парчиња. Инаку, метеоритот експлодира во воздух на висина од 34,5 километри, а во атмосферата влезе со брзина од 21 километар во секунда. ав/

Остани поврзан