• петок, 22 ноември 2024

Пронајдени безживотните тела на 20 лица по потонатиот брод кај грчкиот остров Евија

Пронајдени безживотните тела на 20 лица по потонатиот брод кај грчкиот остров Евија
Атина, 2 ноември 2022 (МИА) – Во операцијата за спасување и потрага што од вчера се води во морскиот дел јужно од грчкиот остров Евија, пронајдени се безживотните тела на 20 лица откако вчера потона едрилица со мигранти. Како што јави дописничката на МИА од Атина, според последните информации од крајбрежната служба на Грција, 20 загинати и 12 спасени е билансот од вчерашниот бродолом, а според тврдењата на спасените на едрилицата имало 68 мигранти, што значи дека 36 се исчезнати. Спасувачката акција на крајбрежната служба на Грција продолжи и денеска и кај Евија, но и во близина на островот Самос, каде што се вчера беа спасени четири лица и пронајдено едно безживотното тело, а седуммина се уште се исчезнати. Несреќата кај Самос се случи во понеделникот кога се преврти чамец со 12 лица, а во морскиот дел југоисточно од Евија, вчера потона едрилица со 68 мигранти. ср/сд/

Остани поврзан