Пронајдена исчезнатата 19-годишна кумановка
- Полицијата ја пронајде 19-годишната девојка од Куманово, за која татко ѝ пријави дека се оддалечила од нивниот дом. Таа е во добра здравствена состојба, информираа денеска од СВР Куманово.

Куманово, 18 јануари 2023 (МИА) - Полицијата ја пронајде 19-годишната девојка од Куманово, за која татко ѝ пријави дека се оддалечила од нивниот дом.
Таа е во добра здравствена состојба, информираа денеска од СВР Куманово.
- На 16 јануари годинава, по извршено пребарување и оперативни проверки на терен од страна на полициски службеници од СВР Куманово, пронајдена е во добра здравствена состојба А.И., за која ден претходно, нејзиниот татко, 46-годишниот Б.И. пријави дека се оддалечила од домот, информираше полицијата. ам/бд/