• четврток, 26 март 2026

Пронајдена дрога во Кавадарци, лишени од слобода две лица

Пронајдена дрога во Кавадарци, лишени од слобода две лица

Скопје, 12 мај 2025 (МИА) - Полициски службеници од ОВР Кавадарци вчера во 19 часот во Кавадарци го лишиле од слобода Ѓ.П (23) од Кавадарци затоа што кај него биле пронајдени и одземени зелена тревкаста и бела прашкаста материја. Подоцна, по добиени оперативни сознанија дека дрогата ја купил од Т.С.(41) од Кавадарци, на 12.05.2025 со судска наредба бил извршен претрес во домот и помошни простории на Т.С., при што била пронајдена и одземена зелена тревскаста материја, по што и тој бил лишен од слобода.

Ѓ.П и Т.С. биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик. ев/

ФОТО: Архива

Остани поврзан