• понеделник, 23 декември 2024

Промоција на Речник на поими од медиумска писменост

Промоција на Речник на поими од медиумска писменост

Скопје, 27 јуни 2024 (МИА) – Во Американското катче во зградата на Економскиот факултет при УКИМ, денеска ќе биде промовиран Речникот на поими од медиумска писменост со игровни активности за усвојување, утврдување и примена на поимите од речникот.

На настанот се поканети новинари со кои ќе се дискутира за важноста на медиумската писменост и користењето на македонскиот јазик во медиумите.

Во Речникот e презентиран соодветен превод на дел од поимите од медиумска писменост што досега се користеа како англицизми.

Речникот и игровните активности се финален продукт што произлезе од активностите во проектот „Намали ризик - медиумска писменост на македонски јазик“, како субгрантиран проект на Do not MIS/DIS TechCamp Ohrid во организација на Стејт Департментот преку Амбасадата на САД и партнерската организација Центар за иновации и дигитална едукација ДИГ-ЕД.  дма/лв/

 

 

 

Остани поврзан