• недела, 19 мај 2024

Промоција на Основна студија за социјални претпријатија

Промоција на Основна студија за социјални претпријатија
Скопје, 22 ноември 2022 (МИА) - На конференција што ќе се одржи денеска во Скопје ќе биде претставена и промовирана Основната студија за социјални претпријатија во Северна Македонија, изработена во рамки на проектот „Социјално претприемништво за младинско вработување“, преку која се изврши мапирање на социјалните претпријатија во Северна Македонија со посебен фокус на младите. Покрај студијата, за време на конференцијата ќе бидат презентирани и Регистар на социјални претпријатија (кој има за цел да ги синтетизира основните информации за социјалните претпријатија кои се јавно достапни за пошироката јавност), Crowdfunding платформата mladipretpriemaci.mk (платформа за идеи за воспоставување на социјални претпријатија во Северна Македонија, но и платформа каде ќе може да се прибира капитал за унапредување на услугите/продуктите на веќе почестоечки социјални претпријатија). На настанот, велат од Националниот младински форум на Македонија, ќе бидат претставени и идеите на десетте добитници на грантови преку проектот „Социјално претприемништво за младинско вработување“, а фокусот ќе го стават на нивните услуги/продукти и иновативни идеи кои ќе ги донесат на пазарот во Северна Македонија. сст/мд/    

Остани поврзан