• понеделник, 20 април 2026

Промоција на крими-романот Memento Mori во Гевгелија

Промоција на крими-романот Memento Mori во Гевгелија

Дојран, 20 април 2026 (МИА) - Македонскиот крими-роман Memento Mori в петок ќе има гевгелиска промоција на платото пред градската библиотека „Гоце Делчев“ со почеток од 18 часот. Промоцијата, која ќе биде проследена со разговор за романот со авторот Анде Јанков, ќе ја води писателката Мирјана Проданова, по потекло од Гевгелија.

- Насловот Memento Mori не остава простор за бегство. Напротив, поставува рамка во која приказната мора да се соочи со она што обично се оттурнува. Со Memento Mori, Јанков го продолжува својот интерес за комплексни наративи и теми што ја надминуваат чистата жанровска структура. Романот отвора простор за прашања поврзани со изборот, одговорноста и границите на човековото дејствување - се вели во најавата на настанот објавен од библиотеката во Гевгелија. 

Ова е петто продолжение за инспекторот Виктор Николов од досега објавените четири романи во серијалот, кој, според најавите на авторот, треба да има девет дела. Следното шестто продолжение од серијалот Јанков планира да го издаде в година.

Анде Јанков е автор на романите: „Едно лето на Крит“ (2016), „Виенски гамбит“ (2020), „Сигурен ризик“ (2021), „Само Бог простува“ (2022), „Кобајаши Мару“ (2024) и последниот Memento Mori во издание на издавачката куќа „Антолог“.рш/вј/

Фото: МИА

Остани поврзан