• сабота, 24 август 2024

Промоција на документарниот филм за Димче Миновски од Шенол Мемиш на „Битфест“

Промоција на документарниот филм за Димче Миновски од Шенол Мемиш на „Битфест“

Скопје, 24 август 2024 (МИА) - Документарниот филм на новинарот Шенол Мемиш за неговиот пенизониран колега и писател Димче Миновски ќе биде промовиран вечер (19:30 часот) во киното „Манаки“ во Битола, во рамки на Битолското културно лето - „Битфест“.

Филмот, кој е проект на Македонско-турското здружение „Мустафа Кемал Ататурк“, е со времетраење од 72 минути и е снимен на повеќе локации низ Битола.

Димче Миновски е пензиониран новинар од Радио Битола и писател на 30 книги повеќето од областа спорт. Минатата година ја освои наградата за животно дело  „4 Ноември“ од општината Битола. Бил дописник на повеќе редакции од поранешните ју-простори. Реализирал над 3000 радио преноси во сите спортови за Радио Скопје и МТВ, како и за матичната Радио Битола.

- Во филмот за Димче Миновски евоцираат спомени повеќе спортски работници и новинари, објаснува авторот на филмот Шенол Мемиш. 
Ова прв филм на Мемиш, кој досега работел во повеќе електроски и печатени медиуми. ир/сст/


Фото: Шенол Мемиш

Остани поврзан