Промоција и театарска претстава инспирирана од сликовницата „Лефти и Рајти си најдоа дом“
- Сликовницата „Лефти и Рајти си најдоа дом“ од Наташа Дукоска, во издание на „Чудна Шума“ денеска ќе биде промовирана во „Јавна соба“, а покрај промоцијата ќе се одржи и театарска претстава и работилница за деца.

Скопје, 19 ноември 2023 (МИА) - Сликовницата „Лефти и Рајти си најдоа дом“ од Наташа Дукоска, во издание на „Чудна Шума“ денеска ќе биде промовирана во „Јавна соба“, а покрај промоцијата ќе се одржи и театарска претстава и работилница за деца.
Ликовите од сликовницата - белата блуза Лефти и панталоните Рајти се оживеани благодарение на актерите Гоце Андонов, Ана Димитрова и Надица Дојкоска од „Театар за тебе“. Режисер на претставата е Изабела Јакимова.
После првата распродадена театарска претстава, закажана е и втора претстава која ќе се одвива истиот ден во 15 часот.
„Театар за тебе" e организација која е активна една година и која создава претстави и работилници за деца. Најпозната нивна работилница е „Марсовски пикник", а особено се барани и по едукативната претстава „Мобиленд". бак/