• сабота, 21 декември 2024

Промовиран плакат и видео за претстојните 63. Струшки вечери на поезијата

Промовиран плакат и видео за претстојните 63. Струшки вечери на поезијата

Струга, 15 август 2024 (МИА) - Националната установа „Струшки вечери на поезијата“ денеска промовира плакат и промотивно видео во пресрет на 63. издание на поетската манифестација што ќе се одржи од 22 до 26 август во Струга.

Графичкиот дизајн на плакатот, според соопштението на СВП, е на графичкиот уметник и дизајнер од Струга, Енкел Дика, видео продукцијата е на ЗООТРОП студио, а музиката е фрагмет од концертот на Аранхуез.

-Плакатот и промотивното видео го илустрираат мотото на годинешното издание на Струшките вечери на поезија, „Допир на убавината“. Со ова мото сакаме да го потенцираме оној аспект на поезијата и поетскиот јазик кој овозможува контакт на човечкото битие со вишите сфери на убавината, отелотворена во поезија. Но, исто така, сакаме да оддадеме почит на иновацијата на Брајовото писмо, чија кодификација пред 200 години им овозможила на слепите лица преку тактилноста и рељефноста на Брајовото писмо преку допир да навлезат во светот на книгата и писмото и да ја почувствуваат убавината на поезијата, стои во информацијата на СВП. сс/вг/

Фото: СВП Плакат

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан