Промовиран новиот ИТКФ веб сајт
- Интернационалната традиционална карате федерација денес одржа меѓународна онлајн конференција и промоција на новиот веб сајт - (www.itkf.global).

Скопје, 11 јули 2020 (МИА) - Интернационалната традиционална карате федерација денес одржа меѓународна онлајн конференција и промоција на новиот веб сајт - (www.itkf.global).
На состанокот кој всушност претставуваше промоцијата на новиот сајт, учествуваа вкупно 63 земји членки на ИТКФ од целиот свет. Свое обраќање имаа Џилберто Гартнер-претседател на ИТКФ и Луис Алберто Кустер-генерален секретар.
Претставници на Македоснката традиционална карате федерација беа Венцислав Недев и Дејан Недев. зс/