• понеделник, 23 декември 2024

Промовиран вториот јавен повик за социјални услуги на локално ниво - општините ќе добиваат можност за грантови за проекти за социјално ранливите категории

Промовиран вториот јавен повик за социјални услуги на локално ниво  - општините ќе добиваат можност за грантови за проекти за социјално ранливите категории
Скопје, 1 јули 2022 (МИА) - Министерството за труд и социјална политика и Проектот за подобрување на социјалните услуги на Светската банка денеска пред градоначалниците на повеќе општини го промовираа Вторик јавен повик за социјални услуги на локално ниво преку кој планирано е десет општини да добиваат можност за грантови за проекти за социјално ранливите категории. Почнувајќи од денеска општините ќе може да изразат интерес за учество на вториот јавен повик за доделување грантови за развој на социјални услуги на локално ниво. По завршување на овој процес, ќе биде отворен јавниот повик за доделување грантови на општините со цел развој на социјални услуги на локално ниво. Општините кои што ќе изразат интерес за учество, ќе добијат бесплатна експертска помош за подготовка на проектните предлози. Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска истакна дека со развојот на нови достапни социјални услуги соглаано потребите на граѓаните на локално ниво, се добиваат двојни придобивкии и ги повика општините, заедно со потенцијалните даватели на услуги да аплицираат на овој повик. - Прво, големо задоволство е лично да се види како обезбедената поддршка на корисниците на развиените услуги им го подобрува квалитетот на живот. Второ, но исто така важно за овој дел од социјалната реформа е вклучување на пазарот на трудот на социјално ранливите категории, како на пример долгорочно невработено лица, корисници на гарантирана минимална помош, самохрани мајки и други и нивно извлекување од сиромаштија. Ги повикувам општините, заедно со пптенцијалните даватели на услуги да аплицираат на вториот повик за развој на социјални ислуги, согласно условите кои ќе бидат наведени, бидејќи несомнено тие носат големи бенефити за сите, рече Тренчевска. Од страна на организаторите на јавниот повик се презентираа и резултатите од првиот повик за доделување на грантови за развој на социјалните услуги на локално ниво, во кој 22 проекти во 27 општини добиле финансиска поддршка преку овој проект. Најголемиот дел од нив или 16 биле за помош на нега на стари лица во домот, три биле дневни центри за деца со попреченост, а по еден проект биле наменети за помош на стари лица во дневен центар и рехабилитација и регенерација на лица со попреченост во локалната средина со услуги за советување. Преку овие услуги опфатени биле повеќе од 522 корисници, а дополнителен бенефит е што лицата кои се ангажирани за реализација на овие проекти се од социјално ранливи категории, кои претходно поминале стручни обуки. Проектот за подобривање на социјалните услуги што го спроведува Министерството за труд и социјална политика е со поддршка на Светска банка, а целта е создавање нови поквалитетни социјални услуги согласно потребите на граѓаните, вклучително услуги за ран детски развој и зголемување на бројот на корисници. Социјалната реформа се темели на четири постулати и тоа: плурализација - преку која покрај државата се овозможува вклучување и на други субјекти во давањето на услугата со што се збогатува понудата, инклузија - преку што се менува трафиционален пасивен, во активен пристап, деинсѕитуционализација, со што во процесот на социјални усчуги се вклучуваат и општините.фф/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан