• сабота, 15 февруари 2025

Промовиран амфитеатар во средно училиште во Тетово, Касами не се обрати на македонски

Промовиран амфитеатар во средно училиште во Тетово, Касами не се обрати на македонски

Тетово, 14 февруари 2025 година (МИА) - Во просториите на Општинското средно училиште „Никола Штејн“ во Тетово се одржа свеченост по повод промоција на амфитеатар. Се обратија градоначалникот на општина Тетово Биљал Касами и директорката кои зборуваа само на албански јазик.

Потоа на средба со новинарите на прашањето зошто не се обрати на македонски јазик, Касами со одговор дека така оценил.

- Јас бев информиран дека учениците кои денеска се присутни се само Албанци, така да ценев за сходно дека треба да зборам само на албански, изјави Биљал Касами.

При давањето изјава за медиумите тој информираше дека покрај промоција на амфитеатарот во средното медицинско училиште на општина Тетово е има инвестиција за поврзување на училишниот објект со спортската сала.ас/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан