• четврток, 19 декември 2024

Променливо облачно со сончеви периоди, околу пладне и попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Променливо облачно со сончеви периоди, околу пладне и попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Скопје, 10 јуни 2021 (МИА) – Времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град. Утринската температура ќе се движи од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7. Во Скопје,  променливо облачно, околу пладне и попладне нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за поинтензивни процеси. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 27 степени. Продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време, претпладне со сончеви периоди, околу пладне и попладне со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град. Температурата во следните денови нема значително да се менува.

Остани поврзан