Променливо облачно со сончеви периоди
- Температурата денеска ќе се движи од 7 до 25 степени Целзиусови на територија на државата. Во Скопје, од 12 до 24 степени Целзиусови.
Скопје, 17 април 2026 (МИА) - Времето денеска, како и претстојниот викенд, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.
Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, денеска и утре ќе дува умерен со засилен северен ветер и ќе има појава на локален дожд со услови за ретки грмежи. Од вторник повторно времето ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и појава на грмежи.

Во Скопје, исто така, денеска се очекува променливо облачно време и слаб до умерен северен ветер.

Температурата денеска ќе се движи од 7 до 25 степени Целзиусови на територија на државата. Во Скопје, од 12 до 24 степени Целзиусови. бд/са/
Фото: МИА архива, УХМР/Принтскрин