• четврток, 02 мај 2024

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Скопје, 12 февруари 2024 (МИА) - Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во источните делови со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.

Во Скопје претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне со повремен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Под влијание на влажен бран и утре ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и услови за изолирана појава на ретки грмежи. Локален слаб дожд ќе има и во вторник, а потоа следува период на стабилно време. бк/аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан