• петок, 05 декември 2025

Променливо облачно, наместа со пороен дожд и грмежи

Променливо облачно, наместа со пороен дожд и грмежи

Скопје, 3 септември 2025 (МИА) - Времето денеска ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m²), засилен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град.

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно, попладне и во текот на ноќта нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме.

И во четврток времето ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m²), засилен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Потоа следува период на претежно стабилно време со слаб до умерен северен ветер. ев/

ФОТО: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан