• недела, 22 декември 2024

Промена во раководството на ССК, Ромео Костадинов нов потпретседател

Промена во раководството на ССК, Ромео Костадинов нов потпретседател

Скопје, 12 јули 2023 (МИА) - Промена во раководството на ССК, Ромео Костадинов е нов потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија, информираат од ССКМ.

Сојузот на стопански комори на Македонија го избра Ромео Костадинов за нов потпретседател на Сојузот на комори. Костадинов е претседател на Комората на сметководители, финансиери и даночни советници, која е регистрирана и е дел од Сојузот на стопански комори.

- Со повеќе од 30 години работно искуство во овие области, како и менаџерското искуство во раководење на компанијата „Еуро Консалт Плус“, друштво за економско правен консалтинг од областа на финансии, сметководство и даночна проблематика, Костадинов своето искуство ќе го пренесе и во понатамошното успешно работење на Сојузот на стопански комори на Македонија, застапувајќи ги интересите на сите стопански субјекти членови на комората, велат од ССКМ.

Досегашните потпретседатели Горан Ѓорѓиевски, Орце Симов, Сашо Дукоски, Тања Дејановска и Михаил Кирков остануваат на досегашните функции, а завршува мандатот на досегашната потпретседателка Габриела Кулебанова.

Сојузот на стопански комори на Македонија е најголема независна деловна организација во Македонија со 35 стопански комори кои членуваат во Сојузот и над 30 групации, здруженија и асоцијации. ир/са/

Остани поврзан