Пролет стартуваше со победа над Тиквеш
- Три натпревари беа одиграни вечерва од првото коло од машката ракометна Супер лига
Скопје, 6.септември 2025 (МИА) – Три натпревари беа одиграни вечерва од првото коло од машката ракометна Супер лига. Најважната победа ја остварија ракометарите на Пролет, кои пред своите навивачи го совладаа Тиквеш со 22:19. МРК Куманово пред своите навивачи со пресврт во последните минути го совлада Радовиш со 34:32, додека победа како гостин оствари Еурофарм Пелистер 2 со 32:29.
Претходно беа одиграни дуелите: Бутел – Еурофарм Пелистер 20:29 и Струга – Вардар 25:38.
Првото коло ќе биде комплетирано в среда со дербито на колот меѓу Алкалоид и Охрид. мн/
Фото: РК Пролет