Проекција на Коха за изборите во Косово: ВВ 42,3%, ПДК 21,3%, ЛДК 20,4%, ААК 6,3%
- Движењето Самопределување (ВВ) на премиерот Албин Курти ќе освои 42,3 отсто од гласовите на граѓаните кои го искористиле своето избирачко право на денешните парламентрани избори во Косово, покажува проекцијата на Коха, во која не се вклучени гласовите од дијаспората. Преведено во пратенички мандати, врз основа на оваа проекција со маргина на грешка до 2,54 процентни поени, Самопределување ќе освои 47 места во 120-члениот парламент.
Приштина, 9 февруари 2025 (МИА) - Движењето Самопределување (ВВ) на премиерот Албин Курти ќе освои 42,3 отсто од гласовите на граѓаните кои го искористиле своето избирачко право на денешните парламентрани избори во Косово, покажува проекцијата на Коха, во која не се вклучени гласовите од дијаспората. Преведено во пратенички мандати, врз основа на оваа проекција со маргина на грешка до 2,54 процентни поени, Самопределување ќе освои 47 места во 120-члениот парламент.
На изборите во 2021 година, Движењето Самоопределување имаше повеќе од 50 проценти од гласовите.
Демократската партија на Косово (ПДК) Мемли Красниќи ќе остане втора партија со 21,3 отсто од гласовите. Според проекцијата, оваа партија има добиено 23 пратенички места.
Демократската лига на Косово (ЛДК) на Лумир Абдиџику забележа најголем пораст од изборите во 2021 година. Од помалку од 13 отсто, оваа партија сега има 20,4 отсто од гласовите, врз основа на проекцијата без дијаспората. Во однос на пратеничките мандати, и оваа партија ќе има 23 пратенички места.
Алијансата за иднината на Косово (ААК) на Рамуш Харадинај, во коалиција со Социјалдемократската иницијатива и други групи, останува четврта политичка сила. Оваа партија ќе освои 6,3 отсто од гласови, и ќе има седум пратеници.
Проекцијата на Коха е базирана на анкета на 1.500 граѓани, од кои 1.300 се Албанци, 100 Срби и 100 од другите немнозински етникуми.са/
Фото: принтскрин